Жарко Грозданоски (53) од тетовското село Брвеница е во фокусот на јавноста, откако беше осомничен за убиството на 76-годишниот Климе Митрески во Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид и Основното јавно обвинителство (ОЈО) Охрид, тој со раце го задушил Митрески, со кого имал склучено договорот за доживотна издршка.
Откако Митрески му кажал дека го раскинува договорот, Грозданоски, според Обвинителството, го нападнал од зад грб, по што го задушил, а критичните моменти биле синимени на надзорни камери кои ги имал во куќата Митрески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Користољубие е мотивот за убиството во Охрид, истото е снимено со камерa: Детали од Обвинителството
Грозданоски, очекувано е топ тема во медиумите, а за тоа на Фејсбук се огласи и неговиот син Божидар Грозданоски, кој му даде подршка и објави заедничка фотографија со него.

-Во овие исклучително тешки моменти за моето семејство, чувствувам потреба јавно да изразам целосна поддршка за мојот ТАТКО, кој со години совесно, чесно и пожртвувано ја извршува својата лекарска професија.
За жал, наместо разбирање и достоинство, сведоци сме на медиумски линч кој е најмалку потребен токму сега, кога поминуваме низ сериозна и чувствителна ситуација. Притоа, неправедно се занемаруваат стотиците луѓе на кои им помогнал, грижата што ја дал и животите кои ги спасил.
Брвенчани и Тетовчани, а и Македонија многу добро знаат кој е Жарко – не само како доктор, туку и како човек, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Цврсто стоиме зад братот Жаре: Се огласија од „Христијанско братство“
По расправија го задушил со раце: Детали од МВР за убиството во Охрид
Фото: Фејсбук/Грозданоски














