Користољубие е мотивот за убиството во Охрид, истото е снимено со камерa: Детали од Обвинителството

И официјално е потврдено дека мотивот за убиството на 76-годишниот Климе Митрески од Охрид е користољубие.

Информацијата ја потврдија од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Охрид, а од таму, како и од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид споделија детали за убиството кое се случило на 25. март.

Осомничениот за убиството 53-годишниот Жарко Грозданоски од тетовското село Брвеница беше уапсен вчера, а со него убиениот имал склучено договорот за доживотна издршка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Работи на КАРИЛ, му се заканувал на Заев: Познат идентитетот на осомничениот за убиството во Охрид

-На 25. март, осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница од користољубие лишил од живот едно лице.

Делото го извршил во куќата на оштетениот во Охрид, со цел да го спречи сега починатиот Климе Митрески да го раскине договорот за доживотна издршка, кој го склучиле кај нотар во февруари 2025 година.

Според договорот, осомничениот по смртта на оштетениот требало да добие голем имот. Но, оштетениот веќе презел дејствија за раскинување на тој документ, велат од Обвинителството.

По вербална расправија околу одлуката на Митрески да го раскине договорот, осомничениот од зад грб физички го нападнал, го совладал на подот и го удрил со бокс неколку пати во главата.

-За цело време го држел оштетениот со едната рака преку устата и носот со што му го спречил дишењето и кај него предизвикал смрт. Откако се уверил дека жртвата не дава знаци на живот, го напуштил местото, велат од Обвинителството.

Од таму информираат и дека присуството и дејствијата на осомничениот во критичниот период се евидентирани на снимки од видео надзор поставен во куќата на оштетениот, а во текот на претходната постапка биле обезбедени и други снимки од видео надзор за неговото движење, како и други материјални докази.

За осомничениот ОЈО Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство.

-Во конкретниот случај сомненијата упатуваат на особено тешко кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор, што го прави ризикот од бегство значителен, а од извршувањето на делото осомничениот веќе презел дејствија за прикривање на трагите.

Имајќи ги предвид овие околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, сокривање или уништување на трагите на кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По расправија го задушил со раце: Детали од МВР за убиството во Охрид

53-годишен маж осомничен во убиство на маж во Охрид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести