САД повторно го продолжија рокот за продажба на меѓународната единица Лукоил Интернешнл ГмбХ на рускиот нафтен приватен гигант Лукоил, на кого му воведе санкции за да изврши притисок врз Русија да ја заврши војната во Украина.
Досега рокот беше продолжен трипати, а новиот е 1. мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Основач и содружник на Лукоил Македонија е токму Лукоил Интернешнл ГмбХ, како и Литаско Са, која е содружник.
Изминатиов период за Лукоил Интернешнл ГмбХ имаше неколку заинтересирану купувачи како американската фирма за приватен капитал Карлајл груп, американскиот нафтен гигант Ексон Мобил, Интернешнл Холдинг Компани…
Доколу Лукоил Интернешнл ГмбХ се продаде тоа ќе значи и дека Лукоил Македонија ќе добие нов сопственик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се главните играчи на пазарот со нафтени деривати во Македонија
Забрана за „Лукоил Македонија“ да учестува на тендери во Македонија
Фото: Лукоил Македонија













