Тимот од Радио Слободна Европа на македонски отвори нов медиум – Колегиум.мк

Вчера се затвори македонскиот сервис на Радио Слободна Европа на македонски јазик, кој работеше од 2001 година и важеше за една од најпрофесионалните редакции во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се затвора македонскиот сервис на Радио Слободна Европа

Тимот на новинари од сервисот отвори нов медиум – Колегиум.мк.

-Колегиум.мк е создаден од тимот на македонскиот сервис на Радио Слободна Европа кој згасна на 31. март – не по свој избор. Но, мисијата за слободно и одговорно новинарство продолжува. Бидејќи тимот на Колегиум.мк верува во начелото дека јавноста има право не само на наслови, туку и на објаснување. Не само на изјави, туку и на контекст. Не само на кликови, туку и на одговорност.

Нашата работа се темели на три принципи: проверка на информациите, глас на граѓаните и независност од какви било центри на моќ, бидејќи за нас јавниот интерес е поважен од сè друго.

Свесни сме дека довербата во медиумите денес не се подразбира. Таа мора повторно да се гради – внимателно, чекор по чекор, велат од таму.

Редакцијата на еМагазин им посакува успех на колегите!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затворањето на македонскиот сервис на Радио Слободна Европа сериозен удар за професионалното новинарство во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести