Дмитриj Зиков и официјално нов амбасадор на Русија во Македонија

Нов амбасдор на Русија во Македонија и официјално е Дмитриj Зиков.

Како што информираа од руската Амбасада тој му ги предал копиите од акредитивните писма на македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

-Шефот на дипломатијата му посака добредојде на новиот амбасадор. Од руската страна беше истакната подготвеност за градење на меѓусебно корисни, рамноправни односи врз основа на почитување на националните интереси, велат од Амбасадата.

Зиков претходно со указ на рускиот претседател Владимир Путин беше именуван за нов извонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во земјава.

Претходно беше разрешен Сергеј Баздников, кој беше руски амбасадор во Македонија од 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дмитриј Зиков е нов руски амбасадор во Македонија

Путин го разреши амбасадорот во Македонија, Баздников

Фото: руска Амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести