Граѓаните во Македонија повеќе се информираат од социјалните мрежи, отколку од медиумите

При информирањето за актуелни настани, најголем дел од испитаниците секојдневно ги користат социјалните мрежи (62,3%) и телевизијата (61,2%), што укажува на нивната доминантна улога како примарни извори на вести во Македонија, покажува истражувањето за мислењето и ставовите на јавноста во врска со медиумите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми.

-Интернет порталите се третиот значаен извор со 39,5% од испитаниците кои секојдневно го употребуваат, додека традиционалните медиуми како радиото и печатените медиуми имаат занемарливо влијание, со оглед на тоа што огромно мнозинство од граѓаните (над 65%) изјавиле дека никогаш не ги користат за оваа намена.

Истражувањето било спроведено на 1.200 испитаници на возраст од и над 14 години. Примерокот се заснова на податоците од последниот попис на резидентното население од 2021 година. Истото било спроведено во периодот од 27 декември 2025 година до 25. јануари 2026 година.

Целото истражување ОВДЕ.

Фото: Унсплеш/илустрација: Агенција за аудио и аудиовизуелни медиуми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести