Војислав Димитровски нов в.д. директор на ЈП Лајка

Војислав Димитровски е нов в.д. директор на Јавното претпријатие Лајка Скопје.

Тој веќе бил на таа позиција, а е магистер, доктор по ветеринарна медицина и специјалист од областа на ветеринарно јавно здравство.

Работи и како консултант во креирање на процесот на организација на системот на работа на прифатилиште за кучиња Хачико – Битола и Шепа – Кавадарци за Вардарски плански регион.

Димитровски е и национален координстор за благодостојба кај животните на проекти во организација на UNDP и FAO, консултант за начин на контрола на уличната популација на кучињата во градови од држави од соседството и едукатор за менаџирање на прифатилишта и спроведување на тестови за социјализација кај кучињата.

Со работа почнува од денеска.

Доаѓа на местото на Радмила Пешева, на која не и бил продолжен мандатот.

Фото: Лајка/Фејсбук/Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести