(Фото) Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Во новиот број на престижниот моден магазин Numero Switzerland е ангажирана една од нашите најпознати модели Сара Стои.

„Во фантастичниот  едиторијал каде се промовираат најновите парчиња на модните куќи и дизајнери како Max Mara, Dior, Vintage Chanel, Michael Kors, нашата убавица зрачи со гламур и бескрајна софистицираност.Специјално за овој моден едиторијал беа селектирани парчиња од неколку колекции на накитот Swarovski.

Сара веќе неколку години работи во светскиот моделинг, а најголемиот пробив го направи кога се појави на ревиите за Dolce & Gabanna, Laura Biagotti и Rocco Barocco.

Сара Стои е наше богатство и наша гордост, нејзините успеси се наша потврда дека македонските модели припаѓаат на светската модна сцена,“ велат од Моделс ИН Менаџмент, нејзината матична агенција од Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести