На судењето на Стојанче Јовановски, чија сопруга Ивана на 2. март скокна од балкон во Скопје, по долгодишно насилство, заедно со нивната ќерка, по што починаа, вчера сведочеше Мартин Саздов (27), кој бил нивни пријател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работел во Пожарната бригада, каде работел и Јовановски, на различни места, а за него подоцна дознал дека се гледа со неговата девојка.
Тој меѓу друго пред Судот раскажа и за денот кога Ивана се самоуби заедно со 6-годишната Катја.
Заедно со починатите и Јовановски се качиле до нивниот стан, за да Ивана земе лични работи за да оди кај мајка и.
По неколку минути додека двајцата ја чекале да се спакува, таа им кажала да ја остават да се одмори и наспие со ќерката, и ја заклучила врата, по што тие се симнале долу пред зградата, а Јовановски за цело време и се заканувал дека ќе и ја земе ќерката и станот.
Потоа Ивана му ѕвонела на мобилен, а кога го прашал што му кажала, тој му рекол дека не ја разбрал. Потоа му заѕвонила и на него и му рекла Јовановски да одговори со видео повик. Тој и се јавил, повикот се прекинал, а откако Ивана повторно му се јавила со видео повик на обвинетиот, Саздов видел дека таа е на тераса со ќерката, по што и викнал да не направи гупост. Потоа се слушнал силен тресок, а на плочникот пред зградата ги нашле дветте цели во крв.
Тој меѓу друго рече и дека неговиот живот застанал по трагичниот настан. Со Ивана првично биле другари, а потоа почнале и љубовна врска.
Сведочеше и дека Јовановски ја тепал речиси секој ден, како и пред него, дека користел дрога, а раскажа и дека со ќерката ги оставил и на автопат пред Штип во 1 часот по полноќ, откако претходно ги тепал, па ги исфрлил од колата. Тој отишол и ги земал.
И велел да го остави и да не се секира, и дека со нејзините ќе и помогнат, но таа била исплашена и затворена во себе.
После настанот во Штип поднела и барање за развод, а раскажа и за ситуација во која полицајци и рекле дека ако пријави уште еднаш, ќе одговара за лажно пријавување.
Кажа и дека нејзините ја исфрлиле од оставинската постапка за станот на татко ѝ, и дека станот кој го купила со Јованов (за кој таа го плаќала кредитот и сметките), бил нејзиниот единствен имот.
Судењето продолжува денеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дури 39 полицајци постапиле погрешно во случаите каде Стојанче Јовановски ја тепал Ивана
(Видео) Сопругот насилник од Карпош со гримаси возврати на новинарски прашања пред Судот
Фото: Јовановски/Фејсбук













