На 3. март била извршена уште една ексхумација во врска со серискиот убиец во Старо Нагоричане

Во врска со потенцијалниот сериски убиец од Старо Нагоричане, 25-годишниот Трајко Бојковски од Малотино, на 3. март била извршена уште една ексхумација, а Основно јавно обвинителство Куманово засега има докази за две убиства.

Како што информираа од таму во тек е процес на прибирање на докази, а се очекуваат резултати од ексхумации, обдукции и психијатриското вештачење на Бојковски.

Исто така Обвинителството издало и наредби за утврдување на локации преку базни станици на мобилни телефони, за да се утврди движењето на обвинетиот и евентуална поврзаност на други лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Создадоа ли институциите сериски убиец во кумановско?

Се уште се испитува и кои доктори биле на лице место, како и кои полицајци и инспектори биле на увидот и дали пријавиле нешто сомнително.

Отворена е предистражна постапка за лекарите од Брзата помош во Куманово, а за постапувањето на полициските службеници, ќе истражува внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи.

Бојковски моментално е во затворот во Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Син ми не е виновен, вели мајката на осомничениот сериски убиец од кумановско

И за убиството на 35-годишна Марија Маринковска осомничен потенцијалниот сериски убиец

Се истражува смртта на пет жени во врска со осомничениот сериски убиец во тетовско

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести