Кој е Александар Стоилевски, новиот член на Одборот на директори на Македонски Телеком, предлог на Владата

Од вчера нов независен член на Одборот на директори (ОД) на Македонски Телеком АД Скопје на предлог на Владата е Александар Стоилевски.

Тој доаѓа на местото на Иван Митровски, исто така предложен од Владата, кој поднесе оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иван Митровски не е повеќе во Одборот на директори на Македонски Телеком, нов член предложен од Владата е Александар Стоилевски

Владата е сопственик на 34,81% од акциите на Македонски Телеком, вклучувајќи и златна акција.

Од претходно како предлози на Владата во ОД на компанијата се и Сашо Димитријоски, Марин Алексов, Даниела Кржовска, Нусрет Зиба и Сеад Арслани.

Кој е Стоилевски

Средно образование завршил во електро-техничкото училиште “Владо Тасевски“ во Скопје.

Дипломирал на Машинскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје и е инженер по мехатроника.

Тој е и Магистер на Машинскиот факултет во Скопје.

Зборува и англиски и има основни познавања на германски јазик.

Работно искуство

Од 2024 година работи во Министерството за внатрешни работи (МВР), како помошник министер за информатика и телекомуникации.

Од 2022 до 2023 година работел во јавното претпријатие „Градски паркинг“ Скопје како раководител на секторот Пајак.

Од 2013 до 2022 година работел во МВР како ИТ систем администратор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој има поголеми приходи, Македонски Телеком или А1 Македонија?

Кој има најмногу претплатници, А1 Македонија или Македонски Телеком?

Горан Марковиќ е новиот главен извршен директор на Македонски Телеком

Фото: Стоилевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести