Иван Митровски не е повеќе неизвршен член на Одборот на директори (ОД) на Македонски Телеком АД Скопје. Тој беше предлог на Владата, а пред извесно време поднесе оставка, и истата е констатирана, информираа од компанијата преку Македонската берза.
Нов неизвршен член на Одборот, предложен од Владата е Александар Стоилевски. Неговиот мандат почнува од денеска.
Во ОД членови предложени од Владата, која е сопственик на 34,81% од акциите на Македонски Телеком, вклучувајќи и златна акција, од претходно се и Сашо Димитријоски, Марин Алексов, Даниела Кржовска, Нусрет Зиба и Сеад Арслани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој има поголеми приходи, Македонски Телеком или А1 Македонија?
Кој има најмногу претплатници, А1 Македонија или Македонски Телеком?
Горан Марковиќ е новиот главен извршен директор на Македонски Телеком














