Труењето на работниците во РЕК Битола било предизвикано од салмонела

Труењето со храна кај вработените во РЕК Битола е предизвикано од бактеријата салмонела, покажаа анализите на надлежните институции по пријавените случаи на стомачни тегоби.

Резултатите ги соопшти Центарот за јавно здравје, по спроведените испитувања во соработка со Институт за јавно здравје, Државен санитарен и здравствен инспекторат и Агенција за храна и ветеринарство.

Имено, на 24. март околу 120 вработени во РЕК Битола побараа лекарска помош по консумирање на оброк во мензата – лазањи со сос, подготвени во кујната на Комбинатот.

Од Агенцијата за храна извршиле контроли и зеле мостри од храната, како и брисеви од работните површини и од вработените, вклучително и од рацете и носот. По извршените проверки, мензата со која стопанисува ЕСМ Молика била затворена.

Кај еден од вработените било утврдено присуство и на стафилококна бактерија, што дополнително укажува на сериозни пропусти во хигиенските стандарди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

81 вработен во РЕК Битола со симптоми на труење

Затворена кујната во РЕК Битола, по сомнежот за труење на работници

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести