81 вработен во РЕК Битола со симптоми на труење

Над 80 вработени во државната РЕК Битола со симптоми на труење денеска побарале лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола, пренесе државната агенција МИА.

Информација ја потврдил Хараламбос Сидиропулос, специјалист инфектолог, кој вели дека во болницата се јавиле 81 лице со стомачни проблеми, повраќање и температура.

Како што вели тој сите биле со иста клиничка слика, а како причина го навеле конзумирање на храна – лазањи со сос, во кујната на РЕК Битола.

Повеќето работници биле со лесна клиничка форма, а на неколку лица им била дадена инфузија. Само едно лице било упатено на Интерно одделение за понатамошна терапија, а повеќето од работниците се пуштени на домашно лекување.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести