Централниот одбор (ЦО) на опозициската СДСМ синоќа избра нови членови на раководство на партијата.
За нови членови на ЦО и Извршниот одбор се избрани Соња Стаменкова, Слободен Чокревски, Богданка Кузеска, Тања Илијовска и Рубин Земон.
Стаменкова е актуелен градоначалник на Општина Македонска Каменица, Чокревски е поранешен директор на Агенцијата за храна и ветерина, Кузеска е актуелен потпарол на партијата, а Земеон е поранешен пратеник и лидер на ПОЕН.
За меѓународен секретар на партијата пак е именуван Андреј Жерновски, а за втор организациски секретар Зоран Трифуновски.
На седницата исто така било одлучено и 32. програмски конгрес да се одржи на 7. јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Александар Трајановски, новиот потпретседател на СДСМ
Која е Јована Тренчевска, новата потпретседателка на СДСМ
(Галерија) Кој дојде на Конгресот на СДСМ














