Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информираа дека кујната на операторот во РЕК Битола, откако вчера над 80 работници со симптоми на труење побараа лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола, е времено затворена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
81 вработен во РЕК Битола со симптоми на труење
Земени се и мостри од храна и брисеви од работни површини, како и од раце и нос на затекнати вработени лица во кујната.
Од таму велат дека на операторот му е дадена забрана за вршење на дејност – подготовка и послужување на храна од истата, се до завршување на инспекциската постапка и добивање на уредни наоди од лабораториските испитувања на земените мостри и брисеви.
Исто така наредено е вонредно чистење и дезинфекција на објектите и опремата и спроведување на вонредни санитарни прегледи за сите вработени лица.
Вонредната инспекцијата во РЕК Битола инспекциските служби на АХВ ја спроведуваат во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, Институт за јавно здравје – Скопје и инспектори на Државниот санитеран и здравствен инспекторат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иста храна јаделе и работниците во „Термо“ на РЕК Битола, но немале никакви симптоми, велат од ЕСМ
Фото: РЕК Битола














