(Видео) Син ми не е виновен, вели мајката на осомничениот сериски убиец од кумановско

Мајката на 25-годишниот Т.Б. од селото Малотино, Општина Старо Нагоричане, кој е осомничен за убиството на М. С. (78) од селото Челопек, а за кого истражните органи истражуваат дали е поврзан и со смртта на уште пет жени, за локалното радио Бум вели дека тој не е виновен.

Таа вели дека имал психички проблеми и неможел да зборува, а го носела и на лекар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во затворот во Куманово е потенцијалниот сериски убиец од кумановско

Дали има психички проблеми истражуваат и надлежните органи додека тој е во притвор во затворот во Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Создадоа ли институциите сериски убиец во кумановско?

Според неговата мајка тој бил мирен, ама бидејќи имале 250 овци и не ги сакале, нејзиниот син го пријавувале во полиција за кражби.

Посочува и дека била под притисок да каже дека сторил нешто за што не е виновен.

За радиото сведочи и сосед на семејството на Т.Б., кој вели дека со години имал проблеми со нив, а тврди и дека осомничениот го нападнал и него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) 35-годишната жена чие убиство со поврзува со потенцијалниот сериски убиец, била следена од него и тоа било пријавено во полиција

Додека ја давел, излажала дека и син ѝ е во викендицата: Уште една кумановка раскажа како се спасила од осомничениот сериски убиец

(Видео) Жена од Челопек сведочи како била давена од непознато лице додека се истражува дали има сериски убиец во кумановско

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести