Потенцијалниот сериски убиец Трајко Бојковски (25) од кумановското село Млатино, како и што се очекуваше е осомничен и за убиството на 35-годишната Марија Маринковска од Куманово, која живеела во Старо Нагоричане, информираа денеска од Основно јавно обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бојковски е веќе осомничен за убиството на 78-годишната Мира С. од селото Челопек, а за него истражните органи периодот проверуваат дали е поврзан со смртта на уште пет жени, меѓу кои е и Маринковска, за која пред неколку дена откако беше ексхумирано нејзиното тело, се покажа дека починала од насилна, а не од природна смрт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се истражува смртта на пет жени во врска со осомничениот сериски убиец во тетовско
Претходно, како што веќе пишуваше еМагазин, нејзиното семејство мислеше дека таа починала поради проблеми со алкохол.
Според Обвинителството, Маринковска била усмртена во периодот од 17 до18. јануари. Осомничениот Бојковски влегол во куќата каде што живеела сама во Старо Нагоричане и ја удрил по главата и телото.
Семејството на Маринковска, неодамна информираше дека откако нејзиното полуголо тело било пронајдено од сосетките, на лице место имало и надлежни органи – доктор и полициски службеник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се откопува телото на уште една жена во врска со потенцијалниот сериски убиец
На прашањето како надлежните првично констатирале природна смрт кај Маринковска, а потоа откако беше откопано нејзиното тело констатирале насилна, од Обвинителството велат дека ќе се испитува постапувањето на полицијата, докторите и надлежните во кумановското Обвинителство, за тоа дали имало пропусти во постапувањето за бројните случаи поврзани со потенцијалниот сериски убиец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во затворот во Куманово е потенцијалниот сериски убиец од кумановско
Бојковски се наоѓа во самица во затворот во Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Создадоа ли институциите сериски убиец во кумановско?
(Видео) Син ми не е виновен, вели мајката на осомничениот сериски убиец од кумановско














