Истрагата за потенцијалниот сериски убиец Трајко Бојковски (25) од кумановското село Млатино се проширува.
Ќе се откопува телото на уште една повозрасна жена, откако претходно надлежните органи во врска со Бојковски веќе ја истражуваат смртта на пет жени. И за неа постои сомневање дека е убиена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се истражува смртта на пет жени во врска со осомничениот сериски убиец во тетовско
Како што информираа денеска од Основното јавно обвинителство ќе се истражува смрт на жени, но и на мажи, за кои постои и најмала сомнеж дека не починале од природна смрт од почетокот на минатата година, а починале сами.
Засега не е познат мотивот зошто осомничениот потенцијален сериски убиец ги извршувал убиствата, кој сега се поврзува со убиство на две жени за што има докази, а тоа го потврдува и ДНК анализата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кај жртвите што се истражуваат од кои сите се повозрасни жени, освен една која е помлада, нема доказ дека биле силувани.
Бидејќи се поврзува и со кражби, од таму информираа и дека пари со сомнително потекло во неговиот дом при претресот, не биле пронајдени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И за убиството на 35-годишна Марија Маринковска осомничен потенцијалниот сериски убиец
Семејството на првата жртва, 78-годишната Мира С. од селото Челопек, пријавило дека недостигаат пари во куќата, а кај втората жртва – 35-годишната Марија Маринковска немало таква пријава.
Маринковска е втората жена за чие убиство е осомничен Бојковски, а дека починала од насилна смрт, се откри деновиве откако беше откопано нејзиното тело, откако беше закопано пред околу 40 дена, а се мислеше дека починала од проблеми со алкохол.
Од Обвинителството не споделуваат информации дали Бојковски признал некое од убиствата за кои е осомничен и потенцираат дека се ќе биде појасно откако ќе му биде направено психијатриско вештачење.
Се истражува дали имал и помош од други лица.
Засега нема точна бројка на евентуални жртви.
Бојковски се наоѓа во самица во затворот во Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Создадоа ли институциите сериски убиец во кумановско?
(Видео) Син ми не е виновен, вели мајката на осомничениот сериски убиец од кумановско














