Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата од март се зголемува за 1.667 денари и истата ќе изнесува 26.046 денари нето.

Бруто износот на минималната плата за 2026 година пак ќе изнесува 38.507 денари, што е пораст од 2.470 денари во споредба со претходната година.

Зголемувањето се должи на законската формула која ги следи трошоците за живот и порастот на просечната плата.

Усогласувањето се врши секоја година во март врз основа на јасно утврдена формула: 50% од порастот на просечната нето плата и 50% од порастот на трошоците за живот.

За оваа пресметка земен е предвид порастот на просечната плата од 9,6% и инфлацијата од 4,1%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести