Автопатот Кичево-Охрид, долг 57 километри, ќе ги чини граѓаните од 760 до 770 милиони евра.
Информацијата за Топ тема на телевизијата Телма ја соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, според кого еден километар од овој автопат чини 13,5 милиони евра.
Истиот треба целосно да биде пуштен во употреба во мај следната година, а градежните работи се планира да бидат завршени годинава.
Го гради кинеската компанија „Синохидро“, а досега се изградени 37, а во функција се пуштени 34 километри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За проектот неодамна беше потпишан и осми анекс со „Синохидро“, вреден 186 милиони евра, што дополнително ја зголеми вкупната цена на автопатот.
Тој информираше и дека автопатите што се градат на коридорите 8 и 10 од страна на американски-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, ќе стигнат од 15,5 до 16 милиони евра по километар, километар од делницата Скопје – Блаце ќе биде околу 21 милион евра по километар, а слично ќе чини и километар од делницата Кичево – Букојчани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Како изгледаат новите 17 километри од автопатот Кичево-Охрид
(Фото) По автопатот Кичево-Охрид ќе се патува и низ галерии
(Фото) Пуштен дел од автопатот кон Охрид, делницата Пресека-Песочани
Фото: Влада













