Мицкоски очекува инфлација околу 5% и оцени дека ќе имаме тешка година

Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлацијата да се движи од 4 до 5%, и оцени дека ќе имаме тешка година, за што треба да се подготвиме.

„Министерството за финансии ги анализира сите основни прехранбени производи коишто се со 5%, да ги намалиме на 0%, да се практично без ДДВ, но тоа е премалку споредено со овие мерки кои се со похолистички пристап.

Нашите прогнози и очекувања се дека ќе има продолжено дејство целата оваа криза, мора да се подготвиме за тешка година, но, како и да е, ние сме тука да ги следиме овие работи и да реагираме на приоритети, сите чинители,“ изјави Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата најавува намалување на акцизата на горивата

Април со цените ќе биде полош од март

На Македонија не и бега зголемена инфлација поради војната на Блискиот Исток

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести