Април со цените ќе биде полош од март

Засега освен зголемените цени на горивата во Македонија, поради војната на Блискиот Исток, која ја предизвикаа САД и Израел со нападот на Иран, нема драстични зголемувања на цените.

Секако, периодов треба да се земе во предвид и фактот што трговците како и секогаш пред Велигден, без некоја посебна причина безобразно ги зголемуваат цените на одредени производи.

Но, прогнозите се дека граѓаните кризата вистински ќе ја почуствуваат веќе овој месец. Војната влезе во вториот месец, а веќе го предизвика најголемо пореметување на транспортот на нафта во историјата.

Војната веќе исто така предизвика зголемување на цените на гасот, храната, ѓубривата, авионските билети…, а на светско ниво донесе и помали приходи во туризмот, енергетскиот сектор, бизнисите со недвижнини и осигурување…, што ќе придонесе за зголемувањето на инфлацијата на светско ниво, како и во Европската унија, најголемиот трговски партнер на Македонија, но и намалување на економскиот раст, глобално, и во земјава.

На Македонија веќе неколку странски и домашни финаниски институции и прогнозираа зголемена инфлација и забавување на економскиот раст, а прогнозите се дека април ќе биде полош отколку март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И ММФ ни прогнозира повисока инфлација, забавен економски раст и бара од Народната банка да ја зголеми и каматната стапка

Меѓу нив се и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а на ризик од зголемена инфлација предупредија и од Народната банка.

Оптимистичка е најавата од мелничко пекарската индустрија дека цената на лебот и пецивата нема да се зголемува до крајот на месецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на лебот не се покачени, да не се создава паника, апелираат од мелничко пекарската индустрија

Но, поради контрадикторните изјави на страните во војната, се уште не е јасно кога ќе заврши истата. Најоптимистичкото сценарио е таа да заврши за околу три недели, ама ништо не е сигурно.

Продолжувањето на војната за уште еден месец, дополнително ќе смени многу работи, а треба да се земат во предвид и предупредувањата на експертите дека и по завршувањето на истата, цената на горивата нема да се стабилизира.

Освен што е нарушен транспортот преку Ормутскиот теснец, (преку кој поминува 20% од нафтата за глобални потреби и голем процент на транспортот на гас и храна, за светски потреби), во земјите од Блискиот Исток се делумно или целосно уништени различни енергетски капацитети, за чија обнова ќе требаат години.

Дел од нив веќе работат со намален капацитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата може да интервенира по шокот со драстичнот раст на цените на бензините и дизелот

П.С. Владата неможе да диктира цени на слободен пазар, но може да ги контролира причините и начинот на нивното евентуално зголемување. Исто така на располагање и е уште една мерка во врска со горивата – акцизата, како и дополнително намалување на ДДВ-то за горивата, кое веќе се намали од 18 на 10%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Македонија не и бега зголемена инфлација поради војната на Блискиот Исток

Цената на нафтата и гасот ќе расте и по војната во Иран

Која храна ќе поскапи поради кризата на Блискиот Исток

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести