Периодов неколку домашни, но и странски финаниски институции предупредија дека на Македонија поради војната на Блискиот Исток, која ја предизвикаа САД и Израел со нападот на Иран, не и бега зголемена инфлација.
Инфлацијата изминативе месеци се стабилизираше и тргна по надолна патека (во февруари беше 2,9%), но случувањата во тој регион, но и неизвесноста колку ќе трае војната, на земјата и носат зголемен ризик за раст на инфлацијата во следниот период.
На тоа укажаа и од Народната банка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Народна банка: Нагорен ризик за инфлацијата поради војната на Блискиот Исток
-Поради воените случувања и прекинот во снабдувањето со енергенти од земјите од Перскиот Залив, очекувањата за дел од увозните цени, пред сѐ за цените на нафтата, се ревидирани поизразено во нагорна насока во однос на октомвриските проекции, што претставува нагорен ризик за инфлацијата во следниот период, информираа од таму.
Сите сценарија и носат инфлација на земјата
Релеватниот независен и непрофитен Институт за економски истражувања и политики Finance Think пак во својата анализа прогнозираше дека инфлацијата поради војната, во Македонија ќе расте во сите можни сценарија, но со значајни разлики во динамиката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во основното сценарио, растот на инфлацијата би бил умерен и краткотраен, со пик во средината на 2026 година, по што би следела постепена нормализација. Согласно на ова, Finance Think ја ревидираше својата проекција за просечната инфлација во 2026 година на 3.5% со изразени нагорни ризици.
Во неповолното сценарио, според Finance Think, пикот би бил повисок и би се поместил кон втората половина на 2026 година, а враќањето кон пониски стапки би било побавно. Во ова сценарио, 2026 година би се завршила со просечна инфлација од 6.1%.
Во екстремното сценарио, инфлацијата би достигнала највисоко ниво кон крајот на 2026 година и би се задржала повисока и во текот на 2027 година. Во ова сценарио, просечната инфлација за 2026 година би изнесувала 8.2%.
Македонија меѓу земјите кои ќе бидат погодени најмногу
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) пак ја стави Македонија во земјите кои ќе бидат најмногу погодени од војната на Блискиот Исток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија, според ЕБОР, e меѓу земјите кои ќе бидат најмногу погодени од војната на Блискиот Исток
Македонија на листата е заедно со Египет, Ирак, Јордан, Кенија, Либан, Молдавија, Монголија, Сенегал, Тунис, Турција, Украина…, поради тоа што војната ќе влијае врз економската активност на овие земји, поради голема зависност од увоз на енергија, ѓубрива и храна, силните врски со Персискиот Залив и ограничениот фискален простор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се Хутите кои влегоа во војната на Блискиот Исток, со што се прошири фронтот
Фото: Унсплеш














