Поради војната на Блискиот Исток и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на Македонија за годинава и предвидува зголемување на инфлацијата, која според меѓународната финаниска институција ќе биде 4,5%.
Инфлацијата периодов се стабилизираше и изнесуваше 2,9% во февруари.
ММФ поради војната ни пронозира и забавување на реалниот раст на бруто-домашниот производ (БДП) и ни прогнозира економски раст од 3,1%, а дефицитот на тековната сметка очекува да се прошири на околу 5% од БДП.
Освен војната на Блискиот Исток, односно повисоките цени на енергенсите, за ваквите прогнози, придонесува и прогнозата за послаб економски раст на Европската унија, главниот македонски трговски партнер.
-На домашен план, фискални отстапувања, особено од континуирани ад-хок зголемувања на плати и пензии, како и пречекорувања на трошоците кај големи инфраструктурни проекти, би можеле да ја нарушат фискалната консолидација и да ја намалат довербата на пазарите.
Од позитивна страна, посилна имплементација на реформите би можела значително да ги подобри изгледите за раст на Македонија, велат од Мисијата на ММФ во земјава.
ММФ бара од Народна банка да ја затегне монетарната политика заради комбинацијата на енергетскиот шок и сè уште силната домашна побарувачка и посочува дека Банката треба да премине кон аукции со целосна алокација на благајнички записи и да ја зголеми основната каматна стапка.
-Се препорачува постепено приближување на реалните каматни стапки кон неутралното ниво (околу 2%) на среден рок, велат од ММФ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Македонија не и бега зголемена инфлација поради војната на Блискиот Исток
Македонија, според ЕБОР, e меѓу земјите кои ќе бидат најмногу погодени од војната на Блискиот Исток
Фото: Унсплеш














