Во Велес полицијата вчера спречи стампедо на хуманитарна акција на која се делеа околу две илијади табли јајца, пренесе локалниот медиум tirekovmirece.com.
Станува збор за донација на компанијата за камионски превоз Шилер, а поради големиот интерес настанала голема гужва и безредие.
Како што пренесува порталот, некои од граѓаните земале и по неколку табли.
Табла јајца се продава за 300 денари, а пред неколку дена се продаваше за 200 денари.
Фото/видео: tirekovmirece.com













