Експлозивот кој беше пронајден во близина на унгарскиот дел од гасоводот Турски тек (Балкански тек), инфраструктура која ги поврзува Унгарија и Србија е произведен во САД, информираше шефот на српската Агенција за воена безбедност, Ѓуро Јованиќ, пренесуваат српските медиуми.
Унгарија пак по вчерашната вонредна седница на Советот за одбрана, унгарскиот дел од гасоводот го става под воена заштита.
Властите во земјата сугерираат дека зад поставувањето експлозиви по должината на делницата од гасоводот во Војводина, стои Украина, пренесуваат унгарските медиуми, со која земјата има отворен конфликт последните месеци.
Србија, пак демантираше дека зад инцидентот стои Украина.
Српските безбедносни служби деновиве спречија можна саботажна операција во близина на Кањижа, каде што беа пронајдени четири килограми експлозиви недалеку од гасоводот Турски тек. Како што пренесуваат српските медиуми, безбедносните проценки вклучувале и можни напади врз клучна енергетска инфраструктура.
Инцидентот се случува пред престојните парламентарни избори во Унгарија, па истиот доби и политичка димензија. Тамошната опозиција обвинува за предизборно сценарио.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експлозив со разорна моќ пронајден во близина на гасоводот што ги поврзува Србија и Унгарија
Фото: Унсплеш













