Апелација ја укина затворската казна за Лидија Димова

Апелациониот суд Скопје ја укина првостепената пресуда со која поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова беше осудена на двегодишна казна затвор.

Во образложението се наведува дека „во пресудата не било јасно утврдено за кои конкретни дејствија обвинетата е прогласена виновна, а за кои е ослободена, што претставува сериозен пропуст во постапката.“

Со ова одлука на Апелација, предметот е вратен на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје.

Во обвинението за Димова се вели дека со непрофесионално и негрижливо работење овозможила незаконита имотна корист на трети лица, со што е причинета штета од 2,818 илјади денари на европските фондови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидија Димова осудена на две години затвор

Фото: Фејсбук/Димова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести