Комисијата за хартии од вредност и даде одобрение на Халк банка АД Скопје со приватна понуда на акции да го зголеми капиталот за 40 милиони евра, информираа од таму.
Од Комисијата Банката доби дозвола за издавање на 246 илјади обични акции. Истите се наменети за познат купувач – за институционален инвеститор, кој воедно е и акционер, Халк банка А.Ш. Турција од Истанбул.
Номиналната и продажната цена изнесува 10 илјади денари за акција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Беркан Имери, Александар Иљов и Мухаммед Хаџи – Пази реизбрани за членови на УО на Халк Банка













