Камчев нема право да бара 1,5 милион евра за „Рекет“, пресече Врховен

Бизнисменот Јордан Камчев нема право да бара 1,5 милион евра како надомест за штета за случајот “Рекет“, за кој беа осудени поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски, објави Призма.

Станува збор за граѓанска постапка во која бизнисменот од нив бараше солидарно да му ги вратат парите што ги дал како рекет.

Тој во 2022 година ги тужеше Јанева, Јовановски и Зоран Милевски Кичеец, а потоа се откажа од тужбата против Милевски.

Откако пониските судови му ја одбија тужбата, тој поднесе барање за ревизија до Врховниот суд, кој пресудил дека нема право на парите и дека во случајот “Рекет“ тој не е оштетен, пишува Призма.

Јовановски и Јанева за „Рекет“ неколку години беа во затвор, а сега се на слобода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катица Јанева излезе од затвор

Од Кривичен со објаснување зошто Катица Јанева е пуштена на условен отпуст

Каков имот пријавила Катица Јанева, поранешната специјална обвинителка, која излезе од затвор

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести