Ќелија на Исламска држава стои зад обидот на опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје, велат од АНБ

За обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје на 12. април, од Министерството за внатрешни работи информираа дека се уапсени седум лица, од кои две завршиле во притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две завршија во притвор: Приведени седум лица за обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје

Тие беа уапсени откако претходно биле извршени претреси на 13 локации во Скопје, од каде биле одземени предмети и електронски уреди.

Во врска со истрагата се огласија и од Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Од таму велат дека зад инцидентот стои дел од радикална групација, активна во Македонија, идеолошки поврзана со глобалната мрежа на Исламска држава.

-Од страна на Агенцијата се прибраа информации и беа идентификувани лица – најверојатни извршители и нивна логистичка мрежа, како и повеќе објекти во Скопје, кои според нашите индиции, како дел од радикална групација идеолошки надоврзани на глобалната мрежа на Исламска држава, непосредно по повикот на споменатата терористичка организација од почетокот на април, презедоа насилни активности, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимка од обидот за опожарување на објектот на Еврејската заедница и на Синагогата во Скопје

Советот за безбедност во март предвиди дека синагоги или седишта на Еврејската заедница во Македонија може да бидат под закана

Едно лице носело канистер со бензин, другото чувало стража: Детали за обидот за опожарување на објектот на Еврејската заедница во Скопје

Фото: Израелска амбасада/Х

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести