Во врска со обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје на 12. април, вчера Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во содејство со Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди (ОСПО), под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), по претходно обезбедени наредби за вршење на претрес на дом и други простории, извршиле претреси на 13 локации на територија на Скопје, при што биле приведени седум лица и биле одземени предмети и електронски уреди поврзани со кривичното дело, информираа од МВР.
-По наредба на јавен обвинител, лицата се задржани за понатамошна постапка, по што од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал е поднесена кривична пријава против А.Љ. (21) од Скопје поради основи на сомневање за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б и А.Р. (38) од Скопје поради основи на сомневање за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б од КЗ во врска со член 24 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снимка од обидот за опожарување на објектот на Еврејската заедница и на Синагогата во Скопје














