Во мај следуваат уште два продолжени викенди, по повод Св.Кирил и Методиј на 24. мај кој од недела се преместува во понеделник на 25. мај, како и Духовден на 28. мај во петок.
Доколку не патувате во странство, тогаш имате одлична можност да го посетите Етно ресторан Мариово, кој постои речиси 13 години.
Во недопрената природа на мариовскиот крај, претставува вистински мал рај кој своето руво го менува во зависност од годишното време.
Било во топол амбиент во зима, или пак во зеленило на пролет претставува вистински одмор за душа и за очи. Но, посебно треба да се истакне неговата убавина овој период, кога се е разеленето и се уште не е премногу топло.
Нуди одлична храна, а менито изобилува со традиционални македонски специјалитети.









Фото: Фејсбук профил Етно ресторан Мариово













