Груевски се јави за екстрадицијата, му порача на министерот Филков да ги истражи “монтираните судски процеси“ против него

Неколку недели по најавата на идниот унгарски премиер Петер Маѓар за негова екстрадиција и бројните медиумски натписи во земјава, но и во Унгарија, на Фејсбук се огласи поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој по бегството од Македонија, во Унгарија стана политички азилант.

На македонскиот министер за правда Игор Филков, меѓу друго му порача да ги истражувал “монтираните судски процеси“ против него, а не да собирал документи за ново барање за негова екстрадиција во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пати Македонија барала екстрадиција на Груевски

„Да ги прочита обвиненијата, т.н. божемни “докази”, да ги прочита пресудите и да види колку од нив се донесени со лажни претпоставки, заради притисокот што во тоа време го имаа судиите од апаратот на Заев и СЈО за кој веќе секојдневно излегуваат сведочења во медиумите, а министерот делува како да не ги видел“, пишува Груевски меѓу друго, осврнувајќи се и на случаеви кои се водеа против него.

“Да види какви пресуди се носени за набавка на блиндирана кола каде сум обвинет дека сум виновен бидејки сум извршил влијание да се набави, за да остварам корист, а користа да ти била тоа што неколку пати ме превезувале со таа кола.

Да види како тоа сум набавил плацови а никому ниту сум дал пари, ниту сум побарал од него тоа да го направи во мое име, ниту пак фирмата која ги купила има било каква поврзаност со мене.

Да види како сум сум купил два стана кога сопственикот потпишал договор со мене да ми ги изнајмува, а неговиот директор кој божем ги купил за мене, кажува дека ги платил со свои пари, никогаш не земал од мене пари и дека никогаш не сум побарал ништо од него во животот ниту сме ја отвориле темата за становите иако сме сме среќавале службено.

Да прочита како тоа ме осудиле за насилство за наводни шамари, кои никогаш никој никому не ги удрил, после ‘крунското’ сведочењето на сите советници на СДСМ во општината Центар чии главен адут беше дека го чуствувале мојот дух во протестите пред бараките на општината, и како судијата одби да ги сослуша сите сведоци предложени од мене, вкупно на број три.

Да види како се суди поранешен премиер затоа што сакал автопатот Кичево-Охрид да биде завршен порано, пред следните избори, затоа што сакал така да добие повеќе поени пред гласачите“, пишува меѓу друго Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пасоши има Груевски?

Груевски има и фирма во Унгарија

Каков имот има Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести