Македонските граѓани за продолжениот првомајски викенд, но и претходно за Велигден, практично имаа можност да видат како функционира новиот систем за влез и излез (ЕЕС) во Европската унија (ЕУ), односно во Шенген зоната.
На граничните премини со Грција се создадоа колони од граѓани, од кои дел чекаа со часови.
Македонија и Србија за летниот период од Грција побараа привремено суспендирање на системот, како што земјата тоа веќе го планира за граѓаните на Велика Британија, но официјален одговор за тоа се уште не добиле ниту земјава, ниту Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе патуваат ли летово и македонските граѓани во Грција без биометриска проверка на границата?
Онаа што исто така го забележуваат граѓаните кои патуваат во различни земји членки на Зоната, е што наместо еднаш на влез во некоја земја членка на Шенген зоната, тие се фотографираат и им се земаат отпечатоци од прстите при секој нов влез (и во истата земја каде веќе го направиле тоа) и по излез од различна земја членка на Зоната.
Тоа е така поради тоа што е очигледно дека системот не функционира синхронизирано меѓу земјите членки на Зоната, како што беше најавено, што доведува до повторени проверки и е дополнителна причина за создавање гужви и чекање за влез или излез од земја членка на Зоната.
Кога овие податоци практично ќе се интегрираат, засега не е познато.
Дополнително, европските медиуми периодов пишуваа и за бројни технички проблеми на системот, што исто така придонесе да се искомплицираат работите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија разговара со земји членки на ЕУ за метежите на границите
Од денеска целосно на сила новите правила за влез и излез од ЕУ
Фото: Унсплеш














