Македонија и земјите од регионот разговараат со земји членки на Европската унија (ЕУ) за гужвите на граничните премини со нив, кажа денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Како што е познато метежот на границите настана поради новиот систем за влез и излез во Шенген зоната, а се очекува за време на летната сезона тој да се зголеми.
Муцунски рече и дека се очекува во летниот период да бидат преземени соодветни мерки за намалување на метежот.
-Во овој момент официјално никој нема добиено одговор и затоа не можам ништо конкретно да споделам.
Но, можам да потврдам дека имаме разговори, и на највисоко ниво и на техничко-административно ниво, и дека постои подготвеност од земји членки на Европската унија да покажат флексибилност кон регионот, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто не фотографираат при секој влез во ЕУ, а не еднаш?
Ќе патуваат ли летово и македонските граѓани во Грција без биометриска проверка на границата?
Фото: Унсплеш













