Македонијатурист АД Скопје во првите три месеци од годинава остварила загуба од 21,458 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Лани во истиот период Друштвото имаше добивка по оданочување од 37,197 милиони денари.
-Оваа разлика се должи на отсуството на повисоките останати оперативни приходи кои беа присутни во истиот период во 2025 година, а кои беа резултат на остварени капитални добивки и беа од еднократен карактер.
Оперативната загуба на Друштвото изнесува 34,479 милиони денари, споредено со оперативната добивка во износ од 32,529 милиони денари во истиот период во 2025 година, разлика која се должи на отсуството на повисоките останати оперативни приходи кои беа присутни во истиот период во 2025 година, а кои беа резултат на остварени капитални добивки и беа од еднократен карактер, велат од таму.
Вкупните приходи изнесуваат 90,932 милиони денари и се намалени за 30% во однос на истиот период лани.
-Приходите од продажба кои се приходи од редовна дејност изнесуваат 77,008 милиони денари и истите се зголемени за 54% споредено со истиот период од минатата година кога изнесувале 49,584 милиони денари.
Зголемување на приходите од редовната дејност е резултат на зголемен број на остварени ноќевања во пресметковниот период и зголемување на приходите од ресторанските и останатите угостителски услуги кои ги нуди Друштвото.
Фокусот на менаџментот и во иднина ќе биде насочен кон зголемување на приходите од редовната
дејност и зголемување на нивното учество како % од вкупните приходи на Друштвото.
Финансиските приходи изнесуваат 13.924 илјади денари и се зголемени за 28% во однос на минатата 2025 година кога изнесувале 10.887 илјади денари, велат од таму.
Вкупните трошоци и расходи од работењето изнесуваат 112,39 милиони денари и се зголемени за 28%.
-Оперативните расходи изнесуваат 111.487 илјади денари и се зголемени за 30% во однос на минатата 2025 година кога изнесувале 86.004 илјади денари.
Финансиските расходи изнесуваат 903 илјади денари и се намалени за 53% во однос на минатата 2025 година кога изнесувале 1.910 илјади денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се акционерите кои ќе одлучуваат за продажбата на хотелите “Бристол“ и „Јадран“
Македонијатурист ги продава хотелите „Бристол„ и „Јадран“ и друг недвижен имот
Фото: Игор Бансколиев













