Современ дом АД Прилеп во првите три месеци од годинава остварил нето добивката од 7.379 илјади денари и истата е зголемена за 2% споредбено со претходната година кога изнесувала 7.247 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Остварените вкупни приходи изнесуваат 29.472 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2025 година бележат намалување од 4%.
Оперативните приходи се намалени за 3%.
-Друштвото во континуитет реализира стабилни приходи од издавање на деловен простор и недвижности со тенденција значајно да ги подобрува севкупните деловни резултати преку издавање на севкупниот недвижен имот расположлив за издавање.
Финансиските приходи изнесуваат 14 илјади денари и се намалени споредбено со 2025 година за 93% кога истите изнесувале 206 илјади денари, велат од таму.
Остварените вкупни расходи изнесуваат 22.093 илјади денари и во споредба со истиот период од 2025 година бележат намалување од 5%.
-Оперативни расходи се зголемени за 2%. Финансиските расходи изнесуваат 1.557 илјади денари и во споредба со 2025 година бележат намалување за 51%, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работел Современ дом лани













