Д-р Небојша Баткоски прогласен за World Business Leader на The Bizz Awards 2026

Д-р Небојша Баткоски е добитник на престижната награда World Business Leader, која му беше доделена во рамките на The Bizz Awards 2026, глобален настан организиран од Светската конфедерација на бизниси – Worldcob.

Престижниот настан се одржа од 24 до 27 август 2026 година во Виена, Австрија, и на едно место собра успешни компании, претприемачи и бизнис лидери од повеќе од 130 земји.

Наградата World Business Leader претставува признание за лидерството, визијата и посветеноста на д-р Баткоски во развојот на современ стоматолошки центар, како и за континуираното унапредување на професионалните и деловните стандарди.

Во рамките на церемонијата, Dr. Batkoski Dental Center беше одликуван и со сертификатот Excellence In Business Management, со кој се препознаваат извонредноста во управувањето со бизнисот и високите професионални стандарди.

Oд стоматолошки центар во Охрид до меѓународно признание во Виена, ова е уште една потврда за развојната визија на Dr. Batkoski Dental Center и неговата определба за постојано унапредување на квалитетот.

Центарот континуирано инвестира во современа технологија, нови методи на работа, професионална едукација и развој на својот тим, со цел да понуди стоматолошки услуги во согласност со највисоките светски стандарди.

Признанијата од The Bizz Awards 2026 претставуваат значаен успех за д-р Небојша Баткоски и неговиот тим, но и потврда дека квалитетот и професионалноста од Македонија можат да добијат меѓународно признание.

World Business Leader и Excellence In Business Management се признанија што ја потврдуваат определбата на Dr. Batkoski Dental Center да продолжи со инвестиции во знаење, технологија и развој, градејќи стоматологија според современи светски стандарди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести