Одбележувајќи седум години под брендот А1, А1 Македонија отвора ново поглавје во својот развој и ја претставува новата комуникациска платформа. Со неа, компанијата уште повеќе се доближува до корисниците и ја отсликува суштината на брендот и неговата најважна определба, според која зад секоја иновација, услуга и технолошки напредок, секогаш стојат луѓето и нивните вистински потреби. Оваа определба е заокружена во пораката „Твој А1“.
Новата комуникациска платформа произлегува од едноставна, но суштинска идеја – дека технологијата постојано се развива и нè движи напред, но вистинските вредности се она што ги поврзува луѓето и тие остануваат засекогаш, да припаѓаме, да учиме, да создаваме и да веруваме.
Токму луѓето се причината поради која А1 постојано инвестира во нови современи технологии, дигитални услуги и подобро и унапредено корисничко искуство, сè со цел тие полесно да комуницираат, да учат и да стекнуваат нови искуства, да создаваат и да градат меѓусебни односи.
„Во изминатите седум години инвестиравме, се развивавме и изградивме модерна и супериорна мрежа, но она што за нас има најголема вредност е довербата што ја градиме со нашите корисници. Технологијата има вистинска смисла само кога е во служба на луѓето, кога им помага да бидат поблиски, да напредуваат и посигурно да се движат низ дигиталниот свет. Со пораката “Твој А1” сакаме јасно да кажеме дека зад секоја наша инвестиција, иновација и услуга стојат луѓето, а ние сме тука да ги поддржиме и да го помогнеме нивниот напредок”, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.
Одбележувањето на седмиот роденден е придружено и со специјална понуда за корисниците на тарифата А1 Combo L, со која добиваат подарок – седум месеци пристап до најпопуларните стриминг услуги Netflix, HBO Max, SkyShowtime и FILMBOX+ Stream, овозможувајќи им поголем избор и пристап до повеќе содржини.
Во рамките на роденденската понуда, корисниците на А1 Combo можат да изберат и премиум смартфони по роденденска цена како iPhone 17 за 1.499 денари/месечно или Samsung Galaxy S26 за 999 денари/месечно.
„Навиките на корисниците постојано се менуваат, а нашата цел е секогаш да бидеме чекор поблиску до нивните потреби и очекувања. Затоа во A1 внимателно ги следиме тие промени и постојано работиме да понудиме релевантни услуги и врвно корисничко искуство. Веруваме дека комбинацијата од најпопуларните стриминг услуги и атрактивното портфолио на уреди по достапни цени, носи вистинска вредност за современиот дигитален начин на живот. Ова е уште еден начин практично да ја покажеме суштината на новата комуникациска платформа“, изјави Елена Панова, директорка за маркетинг и дигитална трансформација на А1 Македонија.
Со новата комуникациска платформа и роденденската понуда, А1 Македонија уште еднаш ја потврдува својата јасна цел – секогаш да создава подобри искуства за луѓето.

















