Прв случај со западнонилска треска е регистриран во Куманово, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.
65-годишниот човек од Куманово е во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
„Здравствената состојба на пациентот е тешка. Покрај инфекцијата со вирусот западен нил, кај него се присутни и хронични заболувања, вклучително и дијабетес, кои можат да влијаат врз текот и тежината на болеста,“ изјави Херољинд Сакипи, директор на Центарот за јавно здравје Куманово.
Направена е епидемиолошката анкета со роднините, при што било утврдено дека има еден прозор на изложеност на реката Пчиња, и се работи на точно гео-мапирање.
Во земјава се регистрирани уште шест нови случаи, при што бројката се искачи на 50.
Фото/Unsplash














