Студеното време ги измрзна овошките на местата каде што температурите деновиве се спуштија под нулата.
Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, вели дека постојат првични информации за настанати штети.
„Сакам да ја информирам јавноста дека ја следиме состојбата директно на терен и настанатите состојби ги добиваме од самите ниви во корелација со нашите земјоделци,“ информираше Гоцевски.
Во Росоман има измрзнати кајсии и праски.
Фото: Unsplash














