Член на поширокото обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски добил притвор од осум дена поради семејно насилство, објави телевизијата 24.
Станува збор за лицетото Р.Р. (39), а во полицијата го пријавила сопругата (37) на 2. мај, откако била физички нападната во нивниот семеен дом.
Тој е остранет од работното место и му се заканува затвор од шест месеци до три години.
Од Владата за телевизијата велат дека тој не бил дел од непосредно обезбедување на Мицкоски, туку бил ангажиран во поширокиот безбедносен опфат околу заштитата на личности во рамките на системот на Министерството за внатрешни работи.
-Важно е да се нагласи дека институциите постапија веднаш и согласно законските процедури, велат од таму меѓу друго.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада














