Хотели-Метропол АД Охрид во првите три месеци од годинава остварил нето загуба од 26.051 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Со оглед на сезонскиот карактер на дејноста на хотелите, остварениот негативен финансиски резултат е во нормални рамки споредбено историски низ последните 10 календарски години и истиот како се навлегува во главната сезона се проектира да премине со позитивна вредност, велат од таму.
Приходите изнесуваат 7.270 илјади денари и истите се зголемени за 8% споредено со истиот период лани.
-Од овие приходи на основната дејност на фирмата отпаѓаат најголем дел, односно 6.950 илјади денари за 2026 година, што покажува зголемување од 24% во однос на 2025 година.
Останатите оперативни приходи се намалени во однос со истите од минатата година и изнесуваат 320 илјади денари.
Финансиските приходи се намалени во однос на 2025 година и изнесуваат 279 илјади денари, велат од таму.
Расходите изнесуваат 33.594 илјади денари и се зголемени за 10%.
-Најголемо учество во вкупните расходи за 2026 година имаат трошоците за вработени во износ од 17.850 илјади денари, кои споредбено со 2025 година се зголемени за 5%.
Трошоците за суровини и материјали за 2026 година во износ од 4.907 илјади денари се значајна ставка во вкупните расходи, и истите во однос на 2025 година се зголемени за 15%. Финансиските расходи немаат промена и се исти за двете спроредбени години, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хотели Метропол откупи нови сопствени акции
Фото: Унсплеш














