Градски трговски центар (ГТЦ) АД Скопје во првите три месеци од годинава остварил добивка од 932 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Добивката е минимална поради каматирањето на трошоците за топлинската енергија за задоцнето плаќање за претходната 2025 година и исплатата на јубилејните награди на вработените кои се законска обврска според Колективниот договор на Друштвото, а се однесуваат за 2023, 2024 и 2025 годна, а исплатата е во јануари 2026 година, што исто така доведе да се намали ликвидноста со која располага Друштвото.
Имаме и зголемување од 3% на трошоците за плата согласно новите измени во законот за минимална плата објавени во Службен весник на РСМ.
Друштвото мораше да направи усогласување со новата минимална плата на оние кои се во поголем број со систематизацијата на работни места и политиката на плати, да им се утврди плата почнувајќи од минималната плата со најнизок степен на сложеност на трудот, велат од таму.
Вкупните приходи изнесуваат 71.986 илјади денари и се зголемени за 8%, споредено со истиот период лани.
-Растот на приходите се должи пред се на зголемените приходи од паркиралишта и сообраќајни услуги, повисоки приходи од закуп на деловен простор, подобрена искористеност на конференциските капацитети, како и значително зголемување на финансиските приходи, велат од таму.
Приходите од паркиралишта и сообраќај во изнесуваат 10.513 илјади денари и истите пораснале за 17%.
Приходите од закуп на деловен простор изнесуваат 5.774 илјади денари и се помали за 6%.
Приходите од користење на куглана и конференциска сала изнесуваат 336 илјади денари и се поголеми за 22%.
Приходите од камати и курсни разлики изнесуваат 1.945 илјади денари и се за 52% поголеми.
Приходите од комунални услуги изнесуваат 32.287 илјада денари и бележат зголемување од околу 11%, а приходите од минати години изнесуваат 372 илјади денари и се повисоки за 3%.
-Нискиот процент е резултат на намалена динамика на наплата на заостанати побарувања, велат од таму.
Вкупните расходи изнесуваат 71.054 илјади денари, и се зголемени за 14%.
Трошоците за тековно одржување изнесуваат 2.406 илјади денари и се за 13% помали.
Вкупните трошоци за услуги изнесуваат 2.810 илјади денари и се за 1% поголеми.
Трошоците за материјали изнесуваат 189 илјади денари и се зголемени.
Енергетските трошоци изнесуваат 25.733 илјади денари и се за 2% поголеми, особено топлотната енергија која е зголемена за 16%.
-Трошоците за плати и надоместоци бележат умерен пораст: нето платите изнесуваат 20.451 илјади денари, кои се за 3% поголеми во однос на истиот тримесечен период во минатата година, придонесите и даноците изнесуваат 10.135 илјади денари, кои се за 3% поголеми во однос истиот тримесечен период во минатата година.
Зголемувањето произлегува од усогласување со законски обврски, инфлациски притисоци, зголемени оперативни потреби.
Финансиските расходи бележат значително зголемување во делот на каматите од работењето со неповрзаните субјекти, кои се однесуваат за претходната 2025 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку пари лани заработил ГТЦ од закуп на деловен простор и паркингот














