На 7. мај поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски бил на службен разговор во Министерството за внатрешни работи (МВР), објавија повеќе медиуми, а информацијата ја потврдија и од полицијата.
Засега нема официјални информации зошто Николовски, кој е и поранешен вицепремиер задолжен за борба против корупцијата, бил на разговор во Единицата за економски криминал и корупција во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје.
Неофицијално како што објавија повеќе медиуми, тој бил осомничен во случај за злоупотреба на јавна набавка која ја спровел додека бил министер.
Наводно го пријавиле земјоделци, а тој пак во својот исказ посочил оти постапувал согласно владина уредба со која му било дадено дискреционо право да одлучува на кои земјоделци можат да им се доделат парите од програма на Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што вели поранешниот министер Николовски за распитот во полиција
Фото: Фејсбук/Николовски














