Мицкоски по завршувањето на премиерскиот мандат ќе се врател меѓу студентите

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека кога ќе му завршил премиерскиот мандат најверојатно ќе се врател помеѓу студентите на факултет, оти како што кажа, не се сметал за професионален политичар, туку за инжинер.

Неговиот мандат завршува во 2028 година. Во 2019 година стана редовен професор на Машинскиот факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј“ во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Христијан Мицкоски, кој е реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

-Јас сум инженер, претпоставувам дека на крајот од овој мандат ќе се вратам меѓу студентите на факултет, за разлика од голем број мои колеги, лидери на држави и премиери во регионот, кажа тој говорејќи на Самитот 2026 во организација на Македонија2025.

Мицкоски моментално го одработува третиот мандат како претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а како што рече пред извесно време во интервју нема понатаму да ја води партијата.

Статутот на ВМРО-ДПМНЕ предвидува претседателот на партијата да има право на најмногу три мандати, а тој во интервјуто рече дека не подржува било каква иницијатива за промена на тој дел од Статутот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Христијан Мицкоски, кој е реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски има часовници вредни 52 илјади евра

Мицкоски ќе биде лидер на ВМРО-ДПМНЕ уште четири години, не подржува промена на Статутот за четврт мандат

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести