Нусрет Халити e нов директор на АЕК

За нов директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е избран Нусрет Халити, објави ТВ 21.

Тој доаѓа на местото на Јетон Акику.

Халити е електроинженер и магистер по интегрирани микрокомпјутерски системи.

Дипломирал електроника и телекомуникации од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопјe.

По потекло е од Тетово.

Фото: Х/Халити

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести