Денес започнува Виноскоп 15, еве кој ќе настапи во Градски парк

Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15. издание на Виноскоп-фестивал, кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо.

Од денес па сè до 17. мај, Виноскоп ја отвора својата петдневна пролетна приказна – со вино, музика, гастрономски содржини и атмосфера создадена за сите генерации.

Јубилејното издание носи внимателно креиран музички концепт, богата винска понуда, гастрономски содржини и атмосфера која секој ден ќе има свој посебен ритам.

Виноскоп одамна не е само фестивал на виното – тој е место на средби, наздравувања, спомени и градска енергија што го собира Скопје на едно место.

Фестивалската програма започнува вечерва со настапите на Александар Јорданов, Happy End Band и Либеро Бенд.

Во четврток, 14. мај, публиката ќе ја забавуваат DJ Марио, Виа Скопје и Куку Леле, додека петок, 15. мај, е резервиран за DJ Карлито, Здравев Music, Огнен и Пауза за ракија.

Саботата носи целодневна фестивалска динамика – програмата започнува од 12:00 часот со DJ Resident, продолжува со Hat and Harmony, DJ Bella и Мијата, а вечерта ќе ја заокружат Оркестар Дива, Ивана Карајан, Филип Карајановски и Пасио бенд.

Последниот фестивалски ден, недела, 17. мај, е замислен како опуштено дневно дружење од 12:00 до 18:00 часот, со DJ Oky Doky, DJ Chvare и DJ Strajk.

Со своето 15. издание, Виноскоп ја слави приказната што ја гради повеќе од една деценија – приказна за виното како култура, музиката како заеднички јазик и градот како сцена на убави средби.

Од денес до 17. мај, Градски парк ќе биде адресата на добриот вкус, добрата музика и најубавото пролетно наздравување во Скопје.

Промотивна објава

Фото: Фејсбук Виноскоп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести