Изложба на дизајнерката на накит Елена Ристовска под наслов „Дива површина“, ќе се отвори во инспиративната галерија „Руди Арт Спејс“ (Rudi Art Space), на 20. мај, во 19 часот.
Печат на изложбата се прстените со масивни камења, кои се необработени и ланчињата кои се со текстура кои што се исто така диво оставени.
„Оваа колекција на Елена, го зема здивот, токму поради тоа што тие сирови парчиња, како да сакаат да кажат дека нема компромис со убавината, или ја чувствуваш таква необработена и дива или не”, вели Зоран Рунчев, уметник и галерист.
Ова е веќе четврта самостојнаизложба на дизајнерката на накит Елена Ристовска, која покрај тоа што дизајнира накит, организира и едукативни работилници за дизајнирање накит за деца и возрасни.
Промотивна објава














